Mücahit Oktay
07 Декември 2021•Ажурирај: 08 Декември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Речиси 200 вработени во болница во американската сојузна држава Масачусетс се отпуштени бидејќи во одредениот рок не се вакцинирале против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за вработените на болницата „ЈуМас Меморијал хелт“ во Бостон, која на персоналот му дала рок до 1 ноември целосно да се вакцинира против Ковид-19.
Раководството на болницата соопшти дека чекало уште еден месец и дека на крајот ги раскинал договорите со персоналот кој не е вакциниран.
„Вакцинирани се 98 проценти од персоналот на болницата, а со тие 2 проценти кои дадоа отпор ја раскинавме соработката“, се наведува во соопштението.
Се наведува дека приоритет на болницата е заштитата на персоналот и пациентите и дека отпуштањето на невакцинираните работници е единствената опција.
Во таа бостонска болница работат околу 15.000 луѓе.