Büşra Selvi Öğütcen
21 Октомври 2021•Ажурирај: 22 Октомври 2021
СЕУЛ
Северна Кореја истакна дека САД и Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) си играат со опасна „темпирана бомба“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Јонхап“, еден од портпаролите на севернокорејското Министерство за надворешни работи ги оцени ракетните тестови на неговата земја, спроведени на 19 октомври, како и реакциите на тие тестови.
Портпаролот рече дека ракетните тестови се „остварување на легалното право на самоодбрана“.
Наведувајќи дека тестирањата на ракетите не претставуваат директна закана за соседните земји, портпаролот рече дека администрацијата во Вашингтон не треба да се грижи, особено поради тестирањата кои не се насочени кон САД.
Портпаролот додаде дека се загрижени за абнормалните реакции на САД и СБОН.
Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави не се во нивните мисли и цели додека се реализираат ракетните тестови, портпаролот нагласи дека тестирањата се целосно планирани за одбрана на земјата.
Портпаролот, пренесувањето на прашањето за нуклеарната програма на Пјонгјанг во СБОН го опиша како „многу провокативно“.
- „Си играат со темпирана бомба“
Портпаролот рече дека САД и СБОН „си играат со опасна темпирана бомба“.
Наведувајќи дека САД веќе имаат подморнички балистички ракети, портпаролот нагласи дека критиките на САД кон Северна Кореја за развој на истото оружје се показател за двојни стандарди.
- Северна Кореја тестира балистичка ракета
Јапонскиот премиер Фумио Кишида на 19 октомври соопшти дека Северна Кореја тестирала две балистички ракети.
Во веста на КЦНА (KCNA) вчера беше наведено дека еден од тестираните проектили е „нов тип на балистичка ракета лансирана од подморница“.