Islam Uddin
21 Септември 2023•Ажурирај: 22 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Сирискиот претседател Башар ал-Асад денес пристигна во официјална посета на Кина на покана на кинескиот претседател Си Ѓинпинг за прв пат по речиси две децении, пренесува Анадолу.
Според кинеската новинска агенција „Синхуа“, Башар ал-Асад пристигнал во Хангжу, главниот град на источната кинеска покраина Џеѓанг, за да присуствува на церемонијата на отворањето на 19. Азиски игри.
Асад последен пат ја посети Кина во 2004 година за средбата со тогашниот претседател Ху Џинтао.
Ова е негова прва посета на Кина по избувнувањето на сириската граѓанска војна пред повеќе од 12 години.
Вчера, сириските медиуми објавија дека претседателот, заедно со првата дама Асма ал-Асад, ќе ги посети главниот град Пекинг и Хангжу.
Тој ќе се сретне со претседателот Си, со кого заедно ќе го одржат сириско-кинескиот самит, објави Сириската арапска новинска агенција.