Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
20 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
ИДЛИБ (АА) - Настана голема експлозија во нафтената рафинерија на Асадовиот режим во градот Хомс, што се наоѓа во централниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од доверливи локални извори, експлодирале танкерите со гориво што транспортираат сурова нафта во рафинеријата во Хомс.
Се истакнува дека експлодирале најмалку седум танкери.
Од градовите Хама и Тарсус се испратени дополнителни противпожарни служби со цел да се спречи ширењето на пожарот во рафинеријата.
Досега не се споделени информации за можни жртви или повредени.