Ekipa
08 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
ЉУБЉАНА (АА) - Словенечката полиција денес соопшти дека 20-годишен сириски бегалец починал од хипотермија и исцрпеност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека момчето починало вчера во јужниот град Илирска Бистрица, и покрај тоа што му била пружена медицинска помош.
Во соопштението се вели дека момчето ги повикало своите роднини од Германија да дојдат да го пронајдат во шумата, и рекло дека не било во состојба да продолжи само.
Откако го пронашле, роднините го однеле момчето во најблиската полициска станица, но докторите не можеле да му помогнат, јавува државната новинска агенција СТА (STA).
Инцидентот ја покажува опасноста со која мигрантите се соочуват додека се обидуваат да стигнат до земјите на Европската Унија.