Yusuf Özcan
22 Јануари 2020•Ажурирај: 23 Јануари 2020
ПАРИЗ (АА) - Закани со смрт се упатени до француските министри за економија и финансии, Бруно Ле Мер и Жералд Дарманин поради пензиските реформи кои предизвикаа штрајкови и протести низ земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Француските медиуми јавија дека до министрите се упатени заканувачки писма, а на Ле Мер му биле испратени и два куршума.
Од Ле Мер и Дарманин во писмата се бара да се откажат од пензиските реформи.
Париското Обвинителство започна истрага.