Ruslan Rehimov
11 Мај 2023•Ажурирај: 11 Мај 2023
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека дошло до судир на границата со ерменските сили, пренесува Анадолу.
Според соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана, вчеравечер од позициите на ерменската војска во зоната Зод при подрачјето на Басаргечер бил отворен интензивен оган врз позициите на азербејџанската војска.
Од истрелите упатени од страна на ерменската војска, во глава е повреден еден азербејџански војник.
Откако ерменските сили, покрај сите предупредувања, продолжиле со отворање оган, азербејџанските единици одговориле со потребна интервенција.
Во соопштението се наведува дека ерменската војска со тешки оружја и минофрлачи продолжува со отворање оган кон позициите на азербејџанската војска.
Во вестите објавени на ерменските медиуми се вели дека во судирот се повредени тројца ерменски војници.