Riyaz Khaliq Khaliq
27 Април 2026•Ажурирај: 27 Април 2026
Тајван ја прими последната пратка од својата флота од 108 тенка, вредна околу 1,28 милијарди долари, набавена од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Анадолу.
Последната пратка од 28 тенка „М1A2T Абрамс“ пристигна доцна синоќа во пристаништето во Тајпеј со товарен брод, а денес беше транспортирана до Командата за обука на оклопни возила на тајванската Армија во градот Хуку, сместен во северозападниот округ Хсинчу, објави „Фокус Тајван“.
Тајпеј издвои 1,28 милијарди долари за тенковите, што САД почнаа да ги испорачуваат во декември 2024 година, додека втората пратка беше реализирана во јули.
Армијата на Тајван во моментов располага со околу 1.000 тенка. Новите единици „Абрамс“ ќе бидат распоредени во Шестиот корпус на копнената армија и се очекува да станат целосно оперативни до крајот на годината.
Испораката на тенковите од САД доаѓа во време кога тајванските пратеници продолжуваат со дебатата за специјалниот закон за трошоци за одбрана, кој има за цел набавка на оружје вредно повеќе од 39 милијарди долари во текот на следната деценија.
САД се главниот снабдувач со оружје за островот кој Кина го смета за своја територија.
Сепак, опозициските пратеници досега го блокираа усвојувањето на законот. Претседателката на главната опозициска партија Куоминтанг, Ченг Ли-вун, денес соопшти дека во јуни ќе престојува во десетдневна посета на САД.
Ченг претходно овој месец во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Си Ѓинпинг.