Прескокни на главната содржина
  • свет

    Телефонски разговор Ердоган - Меркел

    Во соопштението на Директоратот за комуникации се вели дека Ердоган и Меркел разговарале и за билатералните односи, економијата и туризмот
    Erdoğan Çağatay Zontur
    22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
    Телефонски разговор Ердоган - Меркел

    АНКАРА

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел за случувањата во Сирија и Либија, како и борбата против Ковид-19, соопштува Директоратот за комуникации на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

    Во соопштението на Директоратот за комуникации се вели дека Ердоган и Меркел разговарале и за билатералните односи, економијата и туризмот.

    Во април 2019 година, нелегитимните сили на Хафтар започнаа напади врз либискиот главен град Триполи и други делови на северозападна Либија, во кои загинаа над 1.000 лица, меѓу кои жени и деца.

    Силите на либиската легитимна Влада неодамна остварија значајни победи, протерувајќи ги силите на Хафтар од Триполи и стратешкиот град Тархуна.

    Владата на национално единство на Либија е меѓународно признаена од страна на Обединетите нации (ОН), додека Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот од Либија, поддржан е од страна на Русија, Франција, Египет и ОА


    related_topics:
    ТурцијаГерманија
    news_share

    news_share_descriptionsubscription_contact

    subscription