Ömer Koparan,Adham Kako
18 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
АЛ БАБ (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која е вгнездена во градот Тел Рифат, сместен во северниот дел на Сирија, ги запали цивилните посеви кои се наоѓаат во границите на местото Ал Баб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, терористите на ЈПГ/ПКК кои под окупација го држат подрачјето на градот Тел Рифат во северниот дел на Сирија, синоќа ги запалиле цивилните земјоделски посеви во подрачјата на Абла и Хазван, рурални делови западно од Ал Баб, кои се наоѓаат во близина на позициите на Слободната сириска војска (ССВ).
По долгите напори на единиците на ССВ, пожарот е згаснат, но предизвикани се големи штети на земјоделските посеви.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која веќе три години под окупација го држи градот Тел Рифат, сместен југоисточно од Африн и јужно од Азез, под присила исели околу 250.000 жители кои живееја на тоа подрачје и оттаму врши напади врз позициите на ССВ.