Ahmet Salih Alacaci
14 Септември 2026•Ажурирано: 14 Септември 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека побарал од украинскиот претседател Владимир Зеленски да ги запре нападите врз руските рафинерии за дизел, тврдејќи дека тие напади придонесуваат за повисоките цени, јавува Анадолу.
Обраќајќи им се на новинарите во авионот „Ер форс 1“ на враќање во Вашингтон од Ирска, Трамп рече дека прекините во руското производство на гориво влијаат врз глобалното снабдување.
„Проблемот што го имам со Украина и Русија е тоа што голем дел од дизелот доаѓа (...) од Русија, а руските постројки се цел на напади од страна на Украина“, рече тој.
„Побарав од претседателот Зеленски да не ги напаѓа постројките за дизел, односно рафинериите.“
Трамп изјави дека тешкотиите при пласирањето на рускиот дизел на пазарот ги зголемуваат цените.
„Цената на дизелот расте поради фактот што тој тешко излегува од Русија, а тоа е ситуација што му штети на светот. Мора да престане тоа.“