Esra Tekin
17 Август 2026•Ажурирано: 17 Август 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави потпишувањето на Договорот за заедничка одбрана од Мека потпишан од Турција, Пакистан и Саудиска Арабија, јавува Анадолу.
„Многу сум среќен што Саудиска Арабија, Турција и Пакистан неодамна и конечно го потпишаа Договорот за заедничка одбрана од Мека“, напиша на својата платформа Truth Social.
Трамп оцени дека договорот покажува „како Блискиот Исток се обединува и како земјите конечно ќе може да се бранат на позначаен начин“.
„Честитки до големите лидери на трите земји што ги споменав.“
„Ова е голем, смел и важен прв чекор – вау!“, додаде тој.