Merve Yıldızalp Özmen
09 Мај 2021•Ажурирај: 10 Мај 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа осум терористи на терористичката организација ПКК во подрачјето на Гара, што се наоѓа во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека во подрачјето на Гара биле откриени 8 терористи припадници на терористичката организација ПКК.
Се истакнува дека терористите се неутрализирани во рамки на воздушна операција.
Според соопштеното, воздушната операција е реализирана како резултат на координативната работа на Турските вооружени сили (ТСК) и Турската национална разузнавачка служба МИТ.