Hasan Namlı
24 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во акција против тероризмот и трговијата со наркотици организирана во Дијарбакир, Турција, запленети се повеќе од 4,5 тони марихуана, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на гувернерот на Дијарбакир се наведува дека на 22 октомври успешно е завршена операцијата која била организирана со цел неутрализација на терористите на ПКК, уништување на засолништата на терористите и разоткривање и дејствување против наркомрежата.
Во акцијата се запленети четири тони и 562 килограми марихуана, и 184.900 стебленца индиски коноп.
Меѓу останатото, уништено е и засолниште што го користеле терористите на ПКК.