Ekip
30 Мај 2023•Ажурирај: 31 Мај 2023
КИЕВ (АА) - Началникот на Воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, изјави дека во текот на ноќта руските сили извршиле напади со беспилотни летала врз главниот град Киев и дека едно лице загинало, а три лица се повредени, јавува Анадолу.
Украинските сили за воздушна одбрана уништија повеќе од 20 беспилотни летала во воздушните напади на Русија врз Киев во раните утрински часови денес.
Попко изјави дека руската војска трипати извршила интензивни воздушни напади врз Киев во последните 24 часа, додавајќи дека во воздушниот простор на украинската престолнина биле уништени повеќе од 20 беспилотни летала.

Истакнувајќи дека Русите постојано го менуваат оружјето во нивните напади, Попко рече дека руските војници користеле балистички ракети и беспилотни летала во претходните напади.
Попко изјави дека ноќта нападите биле организирани во неколку бранови од различни правци и дека „воздушната тревога траела околу три часа“.
Тој рече дека делови од беспилотните летала паднале во различни области на главниот град, предизвикувајќи загуба на животи и уништување.

„Пожарот избувна на последните два ката од една зграда бидејќи парче од беспилотно летало паднало во стан во населбата Голошивски. Повеќе од 20 луѓе се евакуирани, едно лице загина, а три се повредени“, рече Попко.
Истакнувајќи дека е можно да се урнати ѕидовите меѓу катовите и дека можно е да има луѓе под урнатините, Попко истакна дека потрагата и спасувањето продолжува на местото на настанот.