Gorana Jakovljevic
14 Декември 2022•Ажурирај: 20 Декември 2022
ХАРКОВ (АА)
Потполно уништеното село Камјанка, кое се наоѓа во источниот дел на Украина, во округот Изјум, регионот Харков, изгледа како град на духови без знаци на живот, известува Агенција Анадолија (АА).
Пред инвазијата на руските трупи во полн обем, во селото живееја повеќе од 1.200 луѓе.

Сега во Камјанка, селото кое се наоѓа во близина на линијата на фронтот, нема ниту еден сочуван објект.
Ова село беше под окупација повеќе од половина година, а во него се водеа некои од најжестоките борби меѓу украинската и руската војска.
