Emre Aytekin
05 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Против образовните институции во Мјанмар кои се поврзани со терористичката организација на Фетула (ФЕТО), отворена е истрага поради поврзаност со тероризам, соопштуваат локалните власти на Мјанмар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Информациите до кои доjде неделникот „Frontier Myanmar“ (Фронтиер Мјанмар), велат дека Министерството за образование на Мјанмар поднело жалба поради неовластена работа на образовните институции кои работат во рамките на организацијата Хоризон интернешнал, поврзани со терористичката организација ФЕТО.
Според Мјанмарските закони, Училиштата кои работат во рамките на Horizon International (Хоризон интернешнал), не ги испочитувале потребните процедури на Министерството за образование за да добијат работна дозвола. Сето тоа е причина за жалба на Министерството за образование до истражните и судски инстанци.
Зав Вин, директор на одделот за основно образование при Министерството за образование, во изјава за локалните медиуми рече дека во документот што е упатен до судските и истражните органи се нагласуваат одредени ставки кои се поважни од самата дозвола за работа, а кои се однесуваат на прашањето за националната безбедност.
- Во едно училиште е пронајдено оружје
Зав потсети дека во рамките на полицискиот претрес, откако терористичката организација ФЕТО на 15. јули се обиде да изврши државен удар, во просториите на една институција што работи во рамките на Horizon International е пронајдено оружје, за што е известено и Министерството за образование на Мјанмар.
Тој потсети дека по сите тие настани, неколку извештаи на Министерството за образование ги разгледал и Државниот комитет за безбедност, по што е донесена одлука да се поведе истрага.
Според неговите зборови, на 28. април, министерството поднело жалба поради неовластена работа на училиште во местото Такета, по што тамошната полиција поведе истрага.
Училиштата поврзани со ФЕТО во Мјанмар работат од 2000. година, во градовите Јангон, Мандалеј и Непјидо.