İsa Toprak
25 Август 2022•Ажурирај: 26 Август 2022
АНКАРА (АА) – Министерството за одбрана на Туркије соопшти дека уште три брода натоварени со жито испловиле од Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека два брода пловеле од пристаништето во Одеса, а еден од пристаништето Пивденњи.
Се додава дека уште еден брод што пристигнал од Украина и уште пет што ќе патуваат за Украина ќе бидат прегледани денеска.