Adel Bin Ibrahim Bin Elhady Elthabti, Halime Afra Aksoy
25 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
ТУНИС (АА) - Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека на крајбрежната зона на земјата биле спречени 11 операции за илегална миграција и дека се фатени 231 нерегуларен мигрант, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека регионалните единици на Поморската гарда спречиле 11 обиди за илегална миграција.
Според ова соопштение, за време на операциите биле фатени 231 нерегуларен мигрант.
Земјите како Тунис и Либија во северниот дел на Африка се сметаат како излезна врата кон Европа за нерегуларните мигранти кои преку Медитеранот на илегален начин сакаат да преминат во Европа.
Секоја година илјадници мигранти се обидуваат да преминат од Африка во Европа со надеж дека ќе имаат подобар живот. Дел од нив успеваат во тоа, но некои од нив го губат својот живот на Медитеранот.