Mahmut Geldi,Hacer Başer,Zeynep Hilal Karyağdı Duran
06 Декември 2021•Ажурирај: 07 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, изјави дека Турција поради разновидноста има силна економија и дека верува во турската економија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ал Тани одржа прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу. Во таа прилика катарскиот министер рече дека разговарале за палестинското прашање и за настаните во Сирија и Авганистан.
Според него, односите меѓу Турција и Катар се стратешко и исклучително партнерство и односите продолжуваат да се подобруваат на сите полиња.
Тој потсети дека во согласност со тоа, утре ќе се одржи седмиот состанок на Високиот стратешки совет на Турција и Катар на кој ќе присуствуваат турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.
Ал Тани рече дека емирот на Катар и Ердоган ќе разговараат и за политичката и хуманитарната ситуација во Авганистан.
„Се очекува на седмиот состанок на Високиот стратешки совет на Турција и Катар да бидат потпишани 12 нови договори“, рече Ал Тани.
Тој се осврна и на турската економија, и рече: „Ние веруваме во разновидната економија на Турција. Економијата на Турција се заснова на силни основи. Ова овозможува да ја надмине состојбата во која се наоѓа економијата. Катар значително инвестира во Турција и тие инвестиции даваат плодни резултати.“