Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
05 Ноември 2021•Ажурирај: 07 Ноември 2021
АЛ ХАСЕКА (АА) - Терористичката организација ЈПК/ПКК ја укина блокадата во центарот на североисточната сириска област Камишли, која беше на сила од април, дозволувајќи премин на силите на режимот на Башар ал Асад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од страна на АА од локални извори, ЈПК/ПКК и силите на режимот на Асад се судриле во периодот 20 - 25 април.
По судирите, терористите ја преземаa населбата Теј во јужниот дел на Камишли, притоа опколувајќи ги силите и безбедносните единици кои му припаѓаат на режимот на Асад во воената зона позната како „Безбедносен четириаголник“, во Камишли, во покраината Ал Хасека.
Со два контролни пункта поставени околу регионот, ЈПК/ПКК беше во можност да го блокира „Безбедносниот четириаголник“ повеќе месеци. Терористичката организација сега им дозволува премин на силите на режимот, но не ги тргна контролните пунктови.
Зближувањето помеѓу ЈПК/ПКК и режимот на Асад доби на сила по бројните изјави од турските власти кои изјавуваа дека можат да интервенираат кога е потребно против терористичките организации во Сирија.
Елдар Халил, еден од високите припадници на терористичката организација во средата, за „Раша тудеј“ (Russia Today) на арапски јазик, изјави дека тие се спремни безусловно да преговараат со режимот на Асад.