Amir Latif Arain
13 Август 2026•Ажурирано: 13 Август 2026
Јужна Кореја мобилизираше воени возила и цистерни за вода од целата земја за снабдување со вода на провинцијата Јужен Ѓонгсанг, додека сушата се влошува во југоисточниот дел на земјата, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Околу 200 цистерни за вода и околу 400 припадници на службите беа распоредени низ земјата за испорака на вода во провинцијата, согласно со националната наредба за мобилизација на противпожарните служби издадена во вторникот, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Во напорите за снабдување со вода на земјоделските површини и домаќинствата во погоденото подрачје се приклучија и дополнителни 14 воени возила.
Сите 18 општини во провинцијата Јужен Ѓонгсанг денес официјално влегоа во фаза на суша.
Просечната пополнетост на водните резерви во 18-те општини во провинцијата во моментов изнесува 32,8 отсто, што е значително под долгорочниот просек од 70,8 отсто.
Ова е вторпат да биде издадена национална наредба за мобилизација на противпожарните служби за справување со сушата.
Првата таква наредба беше издадена во август минатата година за источниот крајбрежен град Гангнеунг.