Selçuk Buğra Gökalp
01 Ноември 2024•Ажурирај: 03 Ноември 2024
АНКАРА (АА) – Дваесет и првата трка во Формула 1 за оваа 2024 година ќе се вози во недела во Бразил, јавува Анадолу.
Во трката од 71 круг на патеката „Автодромо Хозе Карлос Пејс“ долга 4,3 километри во Сао Паоло, Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, бранителот на титулата, ќе се обиде да го освои своето прво Гран При по 10 трки, бидејќи неговиот последен финиш на првото место беше во Шпанија.
Во сезоната во Формула 1 оваа година, Макс Верстапен го освои првото место во седум Гран При, додека Ландо Норис од Мекларен и Шарл Леклер од Ферари го првото место на подиумот по три пати, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, Оскар Пјастри од Мекларен и Карлос Саинц од Ферари по двапати, а една победа има Џорџ Расел од Мерцедес.
Сезоната ќе заврши со 24. трка, Големата награда на Абу Даби, на 8 декември.
Првите пет најдобри возачи и конструктори пред Големата награда на Бразил се:
- Возачи:
1. Макс Верстапен (Холандија): 362
2. Ландо Норис (Велика Британија): 315
3. Шарл Леклер (Монако): 291
4. Оскар Пјастри (Австралија): 251
5. Карлос Саинц (Шпанија): 240
- Конструктори:
1. Мекларен: 566
2. Ферари: 537
3. Ред Бул: 512
4. Мерцедес: 366
5. Астон Мартин: 86