Kemal Zorlak
01 Септември 2023•Ажурирај: 02 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот фудбалски голман и долгогодишен член на Фенербахче, Алтај Бајиндир (25), премина во Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 4,3 милиони фунти (5 милиони евра), јавува Анадолу.
Турскиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор, со опција за продолжување за уште една година, се наведува на интернет-страницата на Манчестер Јунајтед.
„Голема е честа да се придружите на Манчестер Јунајтед и да се биде прв турски играч кој ќе настапува за овој неверојатен клуб“, рече Бајиндир за клупската страница и додаде: „Имам страст за успех и ќе дадам сѐ за да им помогнам на оваа посебна група играчи да ги остварат нашите амбиции.“
Бајиндир на голот на „црвените ѓаволи“ го менува Дин Хендерсон, кој вчера премина во Кристал Палас за 20 милиони фунти (23,37 милиони евра).
Бајиндир ја започна професионалната кариера во 2016 година во дресот на Анкарагуџу. Во редовите на Фенербахче премина во 2019 година, каде што во период од 4 години настапи на 116 натпревари. Дресот на репрезентацијата на Туркије го носи од 2021 година.