Bakir Tiro
01 Април 2020•Ажурирај: 01 Април 2020
НИОН (АА) - Челниците на Европската фудбалската асоцијација (УЕФА) ќе имаат видеоконференција со генералните секретари на своите 55 национални асоцијации на кои би требало да бидат донесени одлуки за продолжение на сезоната прекината поради пандемијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
УЕФА ќе ги известува националните асоцијации за активностите на двете работни групи, оформени пред две недели поради рапидното ширење на коронавирусот во одредени земји на Стариот Континент.
„На состанокот ќе се разгледува развојот на настаните во сите национални и клупски натпревари на УЕФА. Ќе се зборува и за договорите со играчите и трансферите, на чија реализација влијаеше кризата, односно прекинот на натпреварите“, се соопштува од УЕФА.
Според последните неофицијални информации, идејата на функционерите на УЕФА е сезоната во националните европски лиги да се продолжи во мај, а сите натпревари до крајот на сезоната, вклучувајќи ги во УЕФА Лигата на шампиони и Европската лига кои би требало да се одиграат без присуство на публиката.