Barış Seçkin
26 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
РИМ
Пет лица од италијанскиот фудбалски клуб Милан, од кои 2 фудбалери и 3 членови на техничката екипа, се заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на овој клуб, голманот Џанлуиџи Донарума и Норвежанецот Јенс Петер Хауге, како и тројца членови од техничката екипа, биле позитивни на Ковид-19 на тестовите направени пред мечот со Рома.
Во соопштението се нагласува дека позитивните случаи се без симптоми и се во изолација.
Донарума и Хауге, кои се позитивни на овој вирус, се исклучени од составот на Милан што вечер на домашен терен ќе игра против Рома.