Emrah Oktay
20 Февруари 2025•Ажурирај: 21 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалски клуб Галатасарај вечерва на домашен терен го пречека холандскиот претставник АЗ Алкмар во реванш-натпреварот од плејоф рундата на УЕФА Лига Европа за пласман во осминафиналето. На првиот натпревар Галатасарај загуби со резултат 4:1, известува Анадолу.
Навивачите на жолто-црвените уште еднаш реагираа на геноцидот што Израел го изврши во Палестина.
Пред натпреварот, навивачите развиорија транспаренти на трибините зад головите на кои пишуваше „Ако Палестина не е слободна, светот е заробен“ и „Запрете го геноцидот во Палестина“.
Навивачите на Галатасарај подготвија транспарент и за навивачите на шкотскиот тим Селтик, кои постојано покажуваат разбирање по прашањето за Палестина. На транспарентот пишуваше „Им благодариме на навивачите на Селтик за непоколебливата поддршка за Палестина“.