Hüseyin Burak Demirer
03 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
ЛОНДОН (АА) - Тренерот на англискиот премиерлигаш Ватфорд, Хиско Муњоз, доби отказ по десетмесечно водење на клубот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на клубот се наведува дека е прекината соработката со 41-годишниот шпански тренер, кој ја презеде функцијата во декември минатата година, и кој му помогна на Ватфорд да се пласира во Премиер лигата.
Ватфорд, кој загуби од Стоук Сити и во третото коло се прости од англискиот Лига куп, по вчерашниот пораз (0:1) од Лидс Јунајтед во Премиер лигата го зазема седмото место на табелата со само седум бода.