Doğa Kırmızıoğlu
28 Мај 2021•Ажурирај: 29 Мај 2021
АНКАРА (АА)
- Дога КИРМИЗИОГЛУ
Пазарната вредност на играчите на англиските тимови Манчестер Сити и Челси, кои ќе се сретнат во финалето на УЕФА Лигата на шампиони за сезоната 2020/21, е проценета на над 1 милијарда 780 милиони евра.
Според податоците објавени на германската интернет-страница „Transfermarkt“, пазарната вредност на играчите во Манчестер Сити, еден од тимовите во англиската Премиер лига, која се издвојува како највредна лига во светот, е проценета на 1,03 милијарди евра, а 779,8 милиони евра на тимот на Челси.
Меѓу најдрагоцените играчи на Манчестер Сити се истакнуваат белгиската ѕвезда Кевин Де Брујне и Британецот Рахим Стерлинг, секој од нив со пазарна вредност од 100 милиони евра. Бернардо Силва, Рубен Дијас, Родри и Фил Фоден се најскапи играчи меѓу останатите фудбалери од тимот, секој од нив со пазарна вредност од 70 милиони евра.
Четириесет милиони евра е сумата за трансфер на германскиот фудбалер со турско потекло, Илкај Ѓундоган, најдобриот стрелец на Манчестер Сити, кој 17 пати ги затресе противничките мрежи во сите натпреварувања оваа сезона.
- Најскапите играчи на Челси се Хаверц и Вернер
На врвот на листата на најдрагоцени играчи во редовите на Челси е Кај Хаверц со пазарна вредност од 70 милиони евра, германскиот интернационалец кој го засили англискиот клуб на почетокот на минатата сезона и неговиот сонародник Тимо Вернер со 60 милиони евра.
Англискиот напаѓач Тами Абрахам, кој сезонава е најдобар стрелец во клубот, и кој, како и Вернер, ги затресе противничките мрежи 12 пати, вреди 40 милиони евра.
- Пазарна вредност на играчите во финалето на Лигата на шампиони
Пазарната вредност на играчите на Манчестер Сити:
| Играч | Вредност (евра) |
| Кевин Де Брујне | 100 милиони |
| Рахим Стерлинг | 100 милиони |
| Бернардо Силва | 70 милиони |
| Рубен Дијас | 70 милиони |
| Родри | 70 милиони |
| Фил Фоден | 70 милиони |
| Габриел Жезус | 60 милиони |
| Едерсон | 56 милиони |
| Емерик Лапорт | 50 милиони |
| Жоао Кансело | 50 милиони |
| Феран Торес | 50 милиони |
| Ријад Марез | 42 милиони |
| Илкај Ѓундоган | 40 милиони |
| Кајл Вокер | 35 милиони |
| Нејтн Аке | 35 милиони |
| Џон Стоунс | 30 милиони |
| Серхио Агуеро | 25 милиони |
| Бенжамен Менди | 22 милиони |
| Олександар Зинченко | 20 милиони |
| Ерик Гарсија | 20 милиони |
| Зак Стефен | 6 милиони |
| Филип Сандлер | 3 милиони |
| Фернандињо | 2,5 милиони |
| Скот Карсон | 500.000 |
| Вкупно | 1,03 милијарди |
Пазарната вредност на играчите на Челси:
| Играч | Вредност (евра) |
| Кај Хаверц | 70 милиони |
| Тимо Вернер | 65 милиони |
| Мејсон Маунт | 60 милиони |
| Нголо Канте | 55 милиони |
| Кристијан Пулишиќ | 50 милиони |
| Бен Чилвел | 50 милиони |
| Матео Ковачиќ | 45 милиони |
| Жоржињо | 45 милиони |
| Хаким Зијеш | 40 милиони |
| Тами Абрахам | 40 милиони |
| Рис Џејмс | 40 милиони |
| Калум Хадсон-Одои | 35 милиони |
| Курт Зума | 32 милиони |
| Андреас Кристенсен | 28 милиони |
| Антонио Ридигер | 25 милиони |
| Едуард Менди | 25 милиони |
| Сесар Аспиликуета | 17 милиони |
| Емерсон | 15 милиони |
| Маркос Алонсо | 13 милиони |
| Кепа | 13 милиони |
| Били Гилмор | 7 милиони |
| Оливје Жиру | 5 милиони |
| Тијаго Силва | 3,5 милиони |
| Чарли Мусонда | 1 милиони |
| Вили Кабаљеро | 300.000 |
Вкупно | 779,80 милиони |