Tunahan Akgün
29 Јули 2026•Ажурирано: 29 Јули 2026
Седумдесет и седумгодишната Туркан Акташ, која живее во турскиот град Кајсери, полета со тандем параглајдер од ридот Али во општината Талас, јавува Анадолу.
Акташ, која првпат доживеа искуство со параглајдер, уживаше во летот заедно со пилотот Фуркан Кочак.
За време на летот Акташ го привлече вниманието со своите шеговити изјави, а акционата камера ги сними нејзините зборови.
„Прекрасно е, фантастично. Се надевам нема да ми го покачи крвниот притисок. Што ли ќе кажат кога ќе ме видат сега? Одлично сум, добро сум, нема од што да се плашам“, рече таа.
По околу половина час поминат во воздух, двајцата безбедно слетаа.