Ali Ebubekir Tokcan
11 Декември 2019•Ажурирај: 12 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул, во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, одржан е протестен марш во кој насобраните сакаа да укажат на тешките услови во затворите во Египет, јавува Агенција Анадолија (AA).
Организатор е Групата за солидаризирање со египетските затвореници, а граѓаните и претставниците на неколку невладини организации се собраа пред џамијата „Фатих“, каде што го истакнаа транспарентот „Муслиманите не ја наведнуваат главата пред тиранијата“.
Групата извикувајќи ги слоганите „Египетскиот народ не е сам“, „Сиси убиец“ и слично на тоа, одеше до паркот „Сарашане“.
Сена ал Балтаџи, сопруга на еден од лидерите на Муслиманско братство (Ihvan), Мухамад ал Балтаџи, и мајка на Асма ал Балтаџи, која беше убиена за време на протестите во Египет, изјави дека се собрале да разговараат за човековите права, но дека тие права ги нема во Египет и дека се трудат да ги има.
Таа додаде дека нејзината ќерка на плоштадот „Рабија“ ја убила хунтата на Сиси, а дека нејзиниот сопруг и син сега се во затвор. Таа додаде дека на нејзиниот сопруг му е одземено правото дури и да зема лекови.
Ал Балтаџи појасни дека во египетските затвори веќе шест години се наоѓаат најмалку 60.000 лица, поголемиот дел млади лица, меѓу кои се и нејзиниот сопруг и син.
Таа додаде дека десетици лица се ставени во самици, а дека не се исполнуваат ни најмалку човечките потреби.
„Не заборавајте и најмал повик и протест оттука ќе бидат надеж во Египет на оние кои започнаа да губат. Ќе се сетат дека имаат браќа во Турција и другите делови на светот“, изјави Ал Балтаџи во обраќањето на насобраните.
Ноха Касим, чиј сопруг се наоѓа во египетски затвор, изјави дека е тешко да се опише она што се случува во Египет и зборуваше и за измачувањата со кои затворениците и затвореничките се соочуваат и дека не им се укажува ниту лекарска помош.
Египетскиот активист Омер ал Шувејх тврди дека бил подложен на измачување во затворот и дека не треба да се верува на лагите на египетските медиуми. Тој порача дека раните на неговото тело се најголем доказ за тиранијата што се случува во Египет.
На присутните им се обрати и челникот на ИХХ, Булент Јилдирим, кој изјави дека страдања се случуваат во Египет, Сирија, Источен Туркистан, но и во другите делови на светот.
Сепак смета дека ќе дојде ден кога овие страдања ќе бидат дел од минатото.