Halil İbrahim Sincar
19 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
МАРДИН (АА) - Турските безбедносни сили денес приведоа 25 припадници на терористичката организација ПКК во операции низ Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Издадени се налози за приведување на 35 осомничени лица, откако документи преземени во неколку операции ја потврдија нивната поврзаност со терористичката организација.
Турските безбедносни сили извршија рации на 36 адреси во 10 области.
Активностите за приведување на преостанатите лица се во тек.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.