Firdevs Bulut
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
БИТЛИС
Безбедносните сили во југоисточна Турција уништија 30 килограми бомби поставени од страна на терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА)
Во соопштението на Гувернатот Битлис се вели дека жандармериските тимови по нивната разузнавачка работа пронашле експлозиви во руралната област на подрачјето.
„Во операцијата започната на 8 март за пронаоѓање на членовите на терористичката организација и уништување на нивните засолништа и депоа за муниција, денеска беа запленети и уништени 30 килограми експлозиви“, се нагласува во соопштението.
Турските безбедносни сили решително ќе продолжат да се борат против тероризмот со поддршка на народот во регионот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.