Esra Tekin
07 Јули 2026•Ажурирано: 07 Јули 2026
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес пристигна во турскиот главен град Анкара за да учествува на 36. Самит на шефови на држави и влади на земји членки на НАТО, јавува Анадолу.
Неговиот авион слета на аеродромот во Анкара, каде што беше пречекан од турската министерка за семејство и социјални услуги Махинур Оздемир Ѓокташ и други официјални лица.
Самитот во Анкара ги собра лидерите од 32 земји членки на Алијансата, како и клучните партнери за да разговараат за европскиот одбранбен капацитет, целите на Алијансата за издвојување за одбраната, воената модернизација и континуираната поддршка за Украина.
Состанокот во Анкара е втор самит на НАТО чиј домаќин е Турција, по Самитот во Истанбул во 2004 година. Собирот, исто така, обезбедува платформа за билатерални средби меѓу Турција и сојузничките земји за политичка, безбедносна и економска соработка.