Kenan Irtak
26 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Летовите од Аеродромот „Истанбул“ повторно започнаа, откако поради обилните снежни врнежи беше запрен воздушниот сообраќај кон и од турската метропола, соопшти „Туркиш ерлајнс“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Илкер Ајџи, претседател на Управниот одбор и Извршниот комитет на „Туркиш ерлајнс“, ги набљудуваше работите околу чистењето на снегот на пистите на Аеродромот „Истанбул“, најголемиот аеродром во Турција.
Нагласувајќи дека е неопходно да се отворат нови места за паркирање за да се обезбеди ротација на авионите, Ајчи рече дека авион од Њујорк слетал на аеродромот, а друг полетал за Њујорк, како и дека полетале авиони за Лондон и Атланта.
Аеродромот „Истанбул“ беше затворен за летови од понеделникот, откако Истанбул беше зафатен од обилни снежни врнежи кои го нарушија одвивањето на сообраќајот во метрополата.