Seyit Şamil Kurt
11 Август 2026•Ажурирано: 11 Август 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас за време на неговата официјална посета на Турција, соопшти Бурханетин Дуран, директор за комуникации на земјата, пренесува Анадолу.
Абас денес треба да пристигне во главниот град Анкара во тридневна официјална посета на покана на Ердоган, објави Дуран на турската платформа за социјални медиуми NSocial.
За време на средбата Ердоган и Абас ќе разменат мислења за најновите случувања во Палестина, билатералните односи и регионалните случувања, додаде Дуран.