Sarp Özer
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на промените во структурата на Високиот воен совет на Турција, во тоа тело ќе бидат премиерот, замениците на премиерот, министерот за правда, министерот за надворешни работи, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, шефот на Кабинетот и командантите на копнените, воздушните сили и морнарицата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката на Владата на Турција која за време на вонредната состојба ја има силата на законот, во Високиот воен совет ќе се најдат премиерот и неколку членови на владата. Одлуката е објавена во Службен весник на Република Турција.
Претходно во Советот не беше заменик премиерот на Владата и министерот за внатрешни работи и за надворешни работи и министерот за правда. Со одлуката се направени и одредени измени во Законот на Турските вооружени сили.
Високиот воен совет на Турција ја одржа својата прва седница надвор од просториите на Генералштабот на вооружените сили. Со седницата претседаваше премиерот, Бинали Јилдирим, а по крајот на седницата беше соопштено дека началникот на Генералштабот, генерал Хулуси Акар и командантите на воздушните, копнените сили и морнарицата продолжуваат да ги извршуваат своите должности.