Serdar Dincel
22 Ноември 2024•Ажурирај: 22 Ноември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије го осуди терористичкиот напад што вчера ја погоди најсеверната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
„Туркије ќе продолжи да стои во солидарност со Пакистан во нејзината борба против тероризмот“, се вели во денешното соопштение на Министерството, посакувајќи милост од Бога за оние што ги загубиле своите животи и брзо закрепнување на повредените.
Според последните извештаи, во терористичкиот напад на патничко комбе загинаа 42 лица.