Handan Kazancı
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ИЗМИР
Турција приведе седум лица, осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, во западниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата во Измир спроведе операција за фаќање на осомничените - петмина од нив сириски државјани - кои влегле во Турција од конфликтните зони.
Осомничените биле во контакт со луѓето од конфликтните зони и планирале терористички напади.
Антитерористичка операција полицијата спроведе во центарот на Измир, како и во подрачјето Тире.
Турција во 2013 година ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, во Турција изведени се многу напади од страна на терористите на ДЕАШ, вклучувајќи 10 самоубиствени, 7 бомбашки и 4 вооружени напади, во кои загинаа 315 лица, а стотици беа повредени.
Како одговор на нападите, Турција започна воени и полициски операции во и надвор од земјата за спречување на терористичките напади.