Zafer Fatih Beyaz
21 Декември 2022•Ажурирај: 22 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Турската разузнавачка служба приведе осум терористи на ДЕАШ во турската јужна област Хатај, соопштија денеска безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Меѓу приведените е и Ахмед А. К. Али, со кодно име „Абу Сулејман ал Ашкар“, таканаречениот висок командант на крајбрежната единица на ДЕАШ“, рекоа изворите.
Утврдено е дека водачот на терористите и седумте терористички припадници живееле во различни куќи на ДЕАШ во Хатај, област која се граничи со северна Сирија.
Покрај запленетото големо количество експлозив и муниција, изворите рекоа дека се пронајдени видеоснимки на кои се гледа како осомничените палат турско знаме додека се положува заклетва дека ќе се приклучат на терористичката организација.
Туркије во 2013 година стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, во земјата беа извршени повеќе терористички напади од страна на ДЕАШ во коишто загинаа над 300 луѓе, а стотици беа повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки и 4 оружени напади.
Туркије како одговор на тоа започна антитерористички операции дома и во странство за да спречи понатамошни напади.