Mümin Altaş
17 Април 2022•Ажурирај: 18 Април 2022
АНКАРА (АА) - Турската Војска неутрализира 13 терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, во близина на јужната граница со Турција, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите се обиделе да нападнат област во рамките на зоната на турската операција „Извор на мирот“, објави Министерството на Твитер.
Од 2016 година, Турција започна три успешни антитерористички операции преку границата, во северна Сирија, за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите, тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата на 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.