Faruk Zorlu
08 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони неутрализираа девет терористи на ПКК во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (АА).
Министерството за одбрана на Турција на Твитер соопшти дека операциите поддржани од воздух биле извршени во регионите Хакурк и Хафтанин во координирана операција на Турските вооружени сили и Турската разузнавачка служба (МИТ).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.