Erdoğan Çağatay Zontur
29 Мај 2019•Ажурирај: 30 Мај 2019
МУГЛА (АА) - Во Егејскиот Регион на Турција се одвива досега најголемата подморска вежба за потрага и спасување спроведена од НАТО-сојузот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Воената вежба „KURTARAN-19“ е најголема национална подморска вежба за претрага и спасување некогаш спроведена преку НАТО“, изјави на денешната прес-конференција полковникот и подморнички командант Нијази Угур.

Во вежбата што започна вчера во поморската база во Аксаз, во Мугла, учествуваат вооружени сили од Турција и 18 други земји, како и набљудувачка организација.
Угур нагласи дека „KURTARAN-19“ е вежба за спасување на персонал во вистинска подморница под контрола на Командата на Северните територијални води, како што беше планирано од Командата на Турските поморски сили.

„Целта на вежбата е елементите за спасување на најефикасен начин да се пренесат (преку воздушен и морски пат), од земјите каде што се стационирани до областа на несреќата“, рече Угур.
„Вежбата има за цел да развие методи за заеднички операции во иднина за спасување на подморнички персонал на земјите членки на НАТО, но и земјите што не се членки, како и воведување тековни системи за спасување и можности“, додаде тој.
Покрај Турција, други земји учеснички се САД, Азербејџан, Бангладеш, Бразил, Бугарија, Алжир, Франција, Грузија, Италија, Канада, Катар, Кувајт, Либан, Малезија, Пакистан и Португалија.

Вежбата ја надгледува Меѓународната канцеларија за спасување подморници (ISMERLO).
Угур, исто така, рече дека во вежбата учествуваат шест брода, три подморници, шест бротчиња од Крајбрежната стража, два авиона, два хеликоптери, 21 персонал за пребарување и спасување, 12 спасувачки воени падобранци, екипаж за евакуација и спасување на подморници составен од 21 лице, како и три странски нуркачи.