Fatih Hafız Mehmet
21 Јули 2018•Ажурирај: 22 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во Турција се назначени вкупно 13 нови заменици-министри, објавено е денес во Службениот весник на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
За заменици-министри во Министерството за правда се назначени Џенгиз Онер, Хилми Билгин, Селахадин Ментеш и Јилдиз Сефериноглу.
За заменици-министри во Министерството за култура и туризам се назначени професорот Ахмет Халук Дурсун, Надир Алпаслан и Омер Арисој, а додека д-р Омер Фатих Сајан и Селим Дурсун се назначени за заменици-министри во Министерството за транспорт и инфраструктура.
Покрај тоа, поранешните борaчи Хамза Јерликаја и Синан Аксу станаа заменици-министри за спорт, а професорот Мухамед Ѓувен беше назначен за заменик-министер за здравство.
Покрај другите промени, изборите кои се одржаа минатиот месец, го назначија преминувањето на Турција во претседателски систем на владеење, со што се укина функцијата премиер.