Aziz Aslan
19 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
ДИЈАРБАКИР (АА) - Припадниците на турските безбедносни сили лоцираа и од слобода лишија четворица терористи на ПКК подготвувани за напади во метрополите во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со синхронизирани акции на припадниците на полицијата и жандармеријата на Турција во Истанбул и Дијарбакир од слобода се лишени Мазлум Серхат со кодно име И.K., Тајхан Умут Чектар со кодно име М.С., Махир Ахмед, со кодно име Р.С. и Аманч Хебактар со кодно име М.Т.
Тие, според сознанијата на истражителите, во 2013 година пристапиле кон т.н. рурален планински кадар на терористичката организација. Обучени се за изработка на експлозивни направи и напади во метрополите. Дел се од тајните градски структури на терористичката организација и биле задолжени како успиени ќелии да чекаат наредби за нападите.
Еден од терористите бил вработен како техничар за анестезиологија во Државната болница во Дијарбакир.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.