Jeyhun Aliyev
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА
Уште тројца терористи на ПКК се предадоа на турските безбедносни сили како резултат на напорите за убедување, објави денеска Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението Министерството соопшти дека терористите се приклучиле на ПКК во периодот помеѓу 2014 и 2021 година и биле активни во Сирија и Ирак.
„Со најновите дополнувања, бројот на терористи кои се предадоа преку напорите за убедување оваа година, сега изнесува 200“, додадоа оттаму.
Во Турција, престапниците поврзани со терористички групи кои се предаваат, имаат право на можно намалување на казната според Законот за покајување.
Според турските власти, во последните години, терористите на ПКК, деморализирани од успешните операции на турските безбедносни сили, губат членови и не успеваат да привлечат нови.
Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак, преку јужната граница на Турција, за да планираат терористички напади во Турција.
Турција има спроведено низа операции од 2019 година против терористичките организации во северен Ирак, особено против ПКК. Последните операции се „Канџа-молња“ и „Канџа-гром“, реализирани овој април во регионите Метина и Авашин-Басјан.
Исто така, од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња.