Fatjon Cuka
06 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
ТИРАНА
Во Албанија почина уште едно лице кое беше заразено со новиот вид коронавирус (Ковид-19), при што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 34, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека вечерва на Инфективната клиника во Тирана почина 85-годишната пациентка заразена со Ковид-19.
Според соопштение, починатата пациентка е 34 жртва од овој вирус.
Досега во Албанија откриени се вкупно 1.212 случаи со Ковид-19, вклучувајќи ги починатите и 910 излекувани лица.