Burak Bir
06 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
МЕЛБУРН (АА) - Нов Зеланд нема регистрирано нов случај на коронавирусот веќе 15 дена, соопштија денес властите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Здравствените власти истакнаа дека еден активен случај на смртоносниот вирус во Нов Зеланд е откриен на 22 мај и оттогаш не е пријавен ниту еден случај.
Вкупниот број на детектирани случаи во земјата изнесува 1.504, со 22 смртни случаи.
Нов Зеланд се подготвува од понеделник да ги укине ограничувањата за Ковид-19.
Пандемијата досега во светот зеде речиси 395.000 животи, со над 6,7 милиони потврдени случаи и повеќе од 2,7 милиони оздравени лица, покажуваат бројките на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.