Sayed Khodaiberdi Sadat
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
КАБУЛ (АА) - Единаесет полицајци го загубија животот во бомбашки напад во областа Хаш, во североисточната авганистанска покраина Бадахшан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Санаулах Рухани, портпаролот на полицијата во Бадахшан, во изјава за медиумите рече дека бомба поставена покрај патот во местото Дурхан, во областа Хаш, била активирана кога полицијата поминувала низ местото.
Наведувајќи дека во нападот загинале 11 полицајци, Рухани за нападот ги обвини талибанците.
Талибанците сѐ уште не дадоа изјава во врска со нападот.