Hamdi Yıldız
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
ЛИБИЈА (АА) - Нафтените полиња „Шераре“ и „Ел Фил“ на југот на Либија повторно ќе бидат во функција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Али ел Зиб, одговорен во Агенцијата за заштита на нафтените капацитети поврзана со Министерството за одбрана на Либија, во изјавата дадена за телевизијата „Ел Ахрар“ истакна дека наскоро ќе бидат отворени нафтените полиња „Шераре“ и „Ел Фил“ на југот на Либија.
Зиб не даде информации за точниот датум на отворање на нафтените полиња, кои се затворени долго време.
Официјално соопштение од либиската Национална нафтена корпорација за отворање на нафтените полиња сѐ уште нема.
Во нафтеното поле „Шераре“, каде што производството е запрено на почетокот од оваа година, дневно се произведуваа 300 илјади барели нафта.
Нафтените полиња „Шераре“ и „Ел Фил“ на југот на Либија сѐ уште се под контрола на милицијата поврзана со Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот од земјата.